На Светското првенство во 1982 година, Паоло Роси ја освои Златната копачка за најдобар стрелец, но и Златната топка, за најдобар играч на Мундијалот во Шпанија, а Италија беше светски првак.
Роси познат како ,,Тотонеро” ја помина целата своја кариера во Италија и беше казнет со три години поради учество во местење натпревари, но тој секогаш негираше дека е вмешан. Поради ова, тој не беше посакуван меѓу Италијанците.
Неговата забрана беше укината по две години, а тој се врати во Италија токму на време за да го освои Светското првенство и да стане национален херој.
Легендарниот Италијанец ги сакаше Србите, а при гостувањето во Белград во 2016 година имаше златен совет за српските орли.
-,,Срби, научете да живеете за репрезентацијата“, изјави Паоло Роси, кој беше воодушевен од главниот град на Србија.
„Го гледам овој град со поинакви очи отколку кога бев фудбалер и патував низ светот. Ги посетив главните улици, ја видов тврдината, излегов со пријателите на вечера покрај реката… Па, тоа беше феноменално и јас босам убави спомени со мене во Италија“, рекол Роси.
На клупски план остави голема трага во Виченца каде беше голгетер. Играше и за други клубови во Серија А како Јувентус и Милан.
Во 2004 година, бразилската легенда Пеле го прогласи за еден од 125-те најдобри живи фудбалери.
По повлекувањето од фудбалот во доцните 1980-ти, Роси работеше како професионален консултант за италијанските медиуми – Sky, Mediaset, Rai.
Почина на 10 декември 2020 година на 64-годишна возраст.