Италија планира да објави нов пакет воена помош за Украина.
Се известува дека системот за воздушна одбрана SAMP/T ќе биде дел од пакетот.
Сепак, официјалното соопштение ќе биде објавено следниот месец на Самитот на Г7 во Пуља, Италија од страна на премиерот Џорџија Мелони, пишува Скајњуз
Како што е соопштено, покрај системот за противвоздушна одбрана, Италија на Украина ќе и испорача и противвоздушни ракетни системи „Стингер“ и ракети со долг дострел „Сторм сенка“.
Ова ќе биде деветти пакет воена помош на Италија испратен до Украина.
Инаку, украинскиот претседател Володимер Зеленски побара од сојузниците системи за одбрана на високо ниво за да одговорат на руските воздушни напади.
Всушност, Зеленски побара од земјите-членки на НАТО седум системи кои ќе го зајакнат источното крило на Украина.