Итен апел за 11,2 милиони долари за помош на Уганда во борбата против еболата

Обединетите нации упатија итен апел да се соберат 11,2 милиони долари за помош на Уганда да се справи со избувнувањето на заразната болест ебола, од која досега починаа две лица.

Во денешното соопштение, ОН соопштија дека средствата ќе бидат доволни за покривање на одговорот на ебола од март до мај во седум области со висок ризик, објави Ројтерс.

„Целта е брзо да се спречи епидемијата и да се реши нејзиното влијание врз јавното здравје, како и поврзаните социо-економски животи на погодените луѓе“, рече Касонде Мвинга, претставник на Уганда во Светската здравствена организација (СЗО).

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ја замрзне странската помош, а американското финансирање за здравствениот сектор на Уганда е намалено, со што е погоден буџетот за јавно здравје на земјата, според владини претставници.

Уганда прогласи епидемија на многу заразна и често смртоносна болест во јануари во главниот град Кампала и досега има регистрирано 10 случаи, по смртта на медицински работник во единствената болница за заразни болести во земјата, соопшти агенцијата.