Албанскиот премиер Еди Рама е опериран на слепото црево и неговата здравствена состојба е добра, пишува Албанската пошта.
Од кабинетот на Рама соопштија дека синоќа по неколку тестови во Универзитетскиот болнички центар „Мајка Тереза“ му било констатирано акутен апендицитис.
Според лекарот, интервенцијата била успешна и здравствената состојба на Рама е добра.