И Аеродром остана без градоначалник – ќе биде ли Муцунски министер?

Досегашниот градоначалник на скопската општина Аеродром, Тимчо Муцунски, од вчера, со верификација на мандатот стана пратеник. Со ова му престана градоначалничката функција.

Според Законот, бидејќи има повеќе од 6 месеци до локалните избори, Владата мора да распише предвремени избори за оваа општина.

Според информациите на Инфомакс, Тимчо Муцунски претендира за едно од министерските места во Владата на ВМРО-ДПМНЕ, а најгласни беа шпекулациите дека ќе го раководи министерството за одбрана.