Финалниот меч на Вимблдон меѓу српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз во живо го следат голем број познати личности.
Меѓу познатите се легендарниот фудбалер Дејвид Бекам и познатиот холивудски актер Бред Пит, кој е толку фокусиран на она што се случува на теренот што најчесто лицето му е смртно сериозно, што многумина го коментираат тоа.
Бекам пред неколку дена се фотографираше со Ѓоковиќ на Вимблдон, па се претпоставува дека поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид ќе го бодри Србинот кој ја брка својата осма титула на единствениот Грен слем турнир кој се игра на трева.
Бред Пит одамна е познат како голем љубител на тенисот, чест гостин на бројни турнири и редовен посетител на УС Опен.
На трибините се британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт, како и тениските легенди Били Џин Кинг и Стефан Едберг, како и многу други познати личности.
Претходните денови на трибините вниманието на фотографите и светската јавност го привлекуваа многу познати личности и членови на кралското семејство, а особено интересна беше кралицата Камила која со своите урнебесни гримаси ги насмеа луѓето ширум светот.