И Владата на БиХ прогласи Ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина на денешната итна седница го прогласи 18 март за Ден на жалост на територијата на овој босански ентитет, поради трагичниот пожар во дикотеката во Кочани во Северна Македонија.

„Оваа одлука е донесена за да се изрази сочувство до семејствата на жртвите од трагедијата што се случи на 15 март 2025 година во градот Кочани, кога најмалку 59 лица ги загубија животите во пожар“, се наведува во соопштението на Владата на Федерацијата на БиХ.

Денот на жалост се одбележува со задолжително истакнување на знамето на Босна и Херцеговина на половина копје, или на јарболот, на зградите на законодавните, извршните и судските власти, јавните институции, институциите и другите правни лица на територијата на Федерацијата БиХ.

На Денот на жалост не може да се одржуваат културно-забавни програми на јавни места во Федерацијата БиХ, а медиумите на територијата на Федерацијата БиХ се обврзани да ја усогласат и прилагодат својата програмска содржина на Денот на жалоста.

Ноќта од саботата кон неделата во дискотека во Кочани избувна страотен пожар во кој животот го загубија 59 лица, додека повеќе од 150 лица се хоспитализирани.

Македонската Влада вчера донесе одлука за седумдневна жалост, утре ден на жалост поради трагедијата во Кочани ќе биде и во Србија и во Бугарија, а Владата на Црна Гора го прогласи денешниот ден за ден на жалост во оваа држава.