Еден од највисоките воени команданти на Иран, Есмаил Каани, командант на силите Кудс – елитното крило на корпусот на иранската револуционерна гарда, можеби е ранет и веројатно убиен во израелското бомбардирање на Либан, неколку блискоисточни медиуми, вклучително и Ерусалим Пост, објави за неговото ранување.
Кани, наводно, бил во моментот на израелското бомбардирање на Бејрут со новиот шеф на Хезболах, Хашем Сафиедин, кој бил цел на Израелците, а кој се води како исчезнат од петокот. Како што јавува Би-Би-Си, единиците на Хезболах изгубиле секаков контакт со Сафиедин од петокот, иако неговото убиство засега не е потврдено.
Во меѓувреме, се зголемуваат шансите Хашем Сафиедин, наводниот наследник на поранешниот генерален секретар на Хезболах, Хасан Насрала, да биде убиен заедно со оние кои беа со него во израелски напад во јужен Бејрут во петокот , изјави неименуван либански функционер за Sky News Arabia.
– Шансите некој да преживее таков напад се нула – тврди нивниот извор од либанските безбедносни сили.
Новите информации објавени од Ерусалим Пост и неколку медиуми од Блискиот Исток сугерираат дека Кани можеби бил погоден во истиот воздушен напад во јужен Бејрут, чија цел беше Хашем Сафиедин, очигледниот наследник на Насрала.
Некои израелски медиуми јавија дека Каани е ранет, додека други тврдат дека можеби починал.
Смртта на Каани сериозно би ги ослабнала воените капацитети на Иран, но секако дополнително би ги подгреала тензиите на Блискиот Исток. Имено, Есмаил Кани е наследникот на Касем Сулејмани како командант на силите Кудс, откако тој беше убиен во напад на американски дрон во близина на аеродромот во Багдад во јануари 2020 година.
Како десна рака на ајатолахот Хамнеи, Каани е исто така една од клучните фигури зад ракетните напади врз Израел минатата недела и во април . Тоа е, исто така, главната врска на режимот во Техеран со Хезболах и други терористички групи како што се Хутите во Јемен и единиците на ирачката милиција.