Српскиот тенисер и моментално најдобар светски играч,Новак Ѓоковиќ успеа многу лесно да победи против Томас Ечевери со 2:0 , во сетови 6:3, 6:2 во мечот од второто коло на Мастерсот во Париз, со што се пласираше во следната рунда и дуелот со Талон Гриксспор.
Ѓоковиќ со овој дуел успеа на уште еден начин да го заобиколи Рафаел Надал и донекаде да ја запечати приказната за тоа кој е всушност најдобриот досега (ГОАТ) во светот на тенисот.
Неговиот дуел со Ечеверрија беше 1.289. меч во кариерата на официјални натпревари, оставајќи го зад себе Надал, кој моментално има еден помалку од него (1.288).
Most matches played on Tour among active ATP Players.
— Relevant Tennis (@RelevantTennis) November 1, 2023
🇷🇸 Novak Djokovic – 1289
🇪🇸 Rafael Nadal – 1288 pic.twitter.com/xhvEpdPsSP