И покрај дождливите денови изминатиов период, водата во Охридското Езеро е видно повлечена. Според последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на водата во Охридското Езеро e 31 сантиметар под просекот за април.
Kлиматски промени сè повеќе се чувствуваат насекаде, па и во Охридскиот регион, поради долгите сушни периоди во изминативе години и исклучително топлите лета. А пак, честите скокови од сушни периоди и ненадејни големи врнежи се одразува на живиот свет во езерото.
Промените во водостојот на езерото најмногу се манифестираат во крајбрежниот појас, што според експертите е најважниот дел од езерскиот еко-систем.