И покрај предупредувањето на Трамп, Африка воспоставува системи за плаќање кои не се базираат на долари

Африканските земји се обидуваат да воспостават систем на плаќање во локална валута, на што американскиот претседател Доналд Трамп остро се спротивставува и се заканува дека ќе возврати. Имено, Трамп е решен дека доларот останува доминантна валута во глобалната трговија.

Имено, африканските земји одлучија да создадат платни системи кои нема да се потпираат на доларот, што го одразува напорот на Кина да создаде финансиски системи независни од Западот. Земјите кои се соочуваат со економски санкции, како што е Русија, се исто така заинтересирани за создавање алтернатива на доларот.

Во Африка, тие се залагаат за системи за плаќање кои нема да се потпираат на доларот бидејќи очекуваат тој да има пониски трошоци.

„Нашата цел не е дедоларизација, како што мислат луѓето“, рече Мајк Огбалу, извршен директор на Панафриканскиот платен систем, кој овозможува трансакции во локални валути, заобиколувајќи го доларот.

Африканските комерцијални банки обично се потпираат на странски партнери, преку таканаречените кореспондентски банкарски односи, за да го олеснат порамнувањето на меѓународните плаќања. Ова важи и за плаќањата меѓу африканските земји.

Поради ова, како и други фактори, како што е лошата транспортна инфраструктура, трансакциските трошоци во Африка ја направија трговијата на континентот за 50 проценти поскапа од глобалниот просек, според податоците од Агенцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД).

Ова е една од причините зошто 84 проценти од африканската трговија се одвива со надворешни партнери, а не меѓу африканските земји, објавува Ројтерс .