И помалку од 5000 чекори дневно се доволни за подобрување на здравјето

Долго време се зборува за магичната бројка од десет илјади чекори дневно за луѓето да бидат здрави и „фит“, но ново истражување покажа дека дури и помалку од пет илјади чекори може да бидат доволни за здравствени придобивки.

Анализата која опфати близу 227.000 луѓе во 17 истражувања ширум светот покажа дека 4.000 чекори дневно се доволни за да се започне со намалување на ризикот од прерана смрт од која било причина. Колку повеќе чекори се направат, толку повидливи и поголеми се здравствени придобивки, велат истражувачите.

Според истражувањето, објавено во рецензирана студија во European Journal of Preventive Cardiology, луѓето можат да го намалат ризикот од смрт поврзана со кардиоваскуларни болести за 7 проценти на секои дополнителни 500 чекори одење. Зголемувањето на дневниот број на чекори за 1.000 го намалуваат ризикот од рана смрт од која било причина за 15 проценти.

Студијата вклучувала и податоци за луѓе кои одат до 20.000 чекори дневно и кои ги доживуваат најголемите здравствени придобивки.

„Откривме дека овој ефект на„колку повеќе-толку подобро“се применува и до 20.000 чекори дневно“, изјави водачот на проектот, професорот Мациеј Банах од Медицинскиот универзитет во Лоѓ во Полска и дополнителен професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот Џон Хопкинс.

Но, „нема магичен број“, вели Аманда Палуч, професорка по кинезиологија на Универзитетот во Масачусетс Амхерст.

„Тоа се тие постепени зголемувања, а исто така, ако сте на повисоко ниво, не треба да го запрете она што го правите“.

Истражувањата покажале дека придобивките од пешачењето се однесуваат на сите полови и на сите возрасти, без разлика каде живеат луѓето.

Сепак, најголемите придобивки се забележани кај оние помлади од 60 години.

Банах рече дека иако се зголемува бројот на напредни лекови за лекување, тие не се единствениот одговор.

„Верувам дека секогаш треба да нагласиме дека промените во животниот стил, вклучително исхраната и вежбањето би можеле да бидат барем исто толку ефективни или уште поефикасни во намалувањето на кардиоваскуларниот ризик и продолжување на животот“, рече тој.

Според Светската здравствена организација, недоволната физичка активност е одговорна за 3,2 милиони смртни случаи секоја година – четврта водечка причина за смрт во светот.

Хани Фајн, личен тренер и инструктор за глобалната фитнес компанија Barry’s, ги истакнува проблемите кои произлегуваат од премногу седење.

„Ова може да го забави вашиот метаболизам и да влијае на растот и силата на мускулите, што може да предизвика болка“, вели таа за Би-Би-Си.

Таа, исто така, ја објаснува важноста на активностите без вежбање, кои едноставно кажано се сè што правиме што користи енергија и согорува калории“.

„Задачи како стоење, носење работи од пазарење, миење подови, одење додека зборуваме на телефон сето тоа се мали нешта кои не прават поактивни и ни помагаат поефикасно да ги согоруваме калориите“, рече таа.

ТРТ БАЛКАН