Потрагата по избеганиот сторител продолжува.
Четири лица се ранети во престрелка во Хаген, во западна Германија, а осомничениот сторител е во бегство, соопшти полицијата.
Според достапните информации, бегалецот е 34-годишниот Мехмет О. кој ја застрелал својата бремена сопруга во глава. Лекарите се борат за нејзиниот живот, пренесува магазинот Феникс.
Откако пукал во нивниот заеднички стан, насилникот истрчал на 7-ми кат и испукал до шест куршуми во заклучената врата од станот. Таму никој не беше повреден.
#BREAKING – #Germany: Shooting in #Hagen
— 🔱 Asgard Intel • WW3.INFO ✨ (@AsgardIntel) June 1, 2024
Several people were injured, local police say. The perpetrator managed to escape from the scene. The police do not rule out that there may be several perpetrators. One of the two places where shots were fired was a hairdressing salon.
Мажот потоа влегол во својот мерцедес и се упатил до фризерски салон оддалечен два километри. Таму пукал и ранил уште три лица.
Роднина на насилникот за медиумите изјави: „Бев шокиран кога слушнав што се случило. И не можам ни да објаснам зошто го направи тоа. Колку што знам, тој немаше никакви проблеми и всушност беше многу мирно момче. Тој и неговата сопруга имаат четири деца“.
Потрагата по избеганиот сторител продолжува. Дронови се во воздух, се пребаруваат блиските шуми. Специјални единици од цела Северна Рајна-Вестфалија се на пат, вклучувајќи полициски хеликоптери и кучиња трагачи.
Сведокот рече: „Го видов сторителот кога со чантата отиде до својот мерцедес на паркингот на Нето. Потоа ја видел полицијата и истрчал во шумата што се граничи со паркингот. Двајца полицајци му викале да застане, но тој побегнал во шумата“.
„Ситуацијата е динамична“, изјави портпаролот на полицијата и побара од населението засега да ја избегнува областа.