Четириесет и деветгодишна кавадарчанка пријавила дека била измамена од лице кое се претставило како брокер за работа во странство.
Тие се запознале преку мобилна апликација, по што тaa во периодот од 14 август до 18 септември платилa вкупно 18.437 денари за обезбедување документи за работа во странство.
Како што е соопштено, таа не ги добила документите, а лицето прекинало комуникација, по што сфатила дека била измамена, информираат од полицијата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.