Пред точно 11 години, полициска фотографија од Џереми Микс стана вирална. Тој беше уапсен за поседување огнено оружје како повторен прекршител, а неговата фотографија, објавена на Фејсбук страницата на полициската управа во Стоктон, експлодираше на интернет. Со своите впечатливи сини очи и изглед како на модел, тој стана познат како „најзгодниот затвореник“.
Иако неговиот живот дотогаш беше сè друго освен гламурозен, со повеќе од десет години поминати во затвор, детство опкружено со хероин и насилство и татко кој извршил убиство кога Микс имал само девет месеци, сè се промени во 2014 година.
„Бев дете на зависник. Пораснав во темнина. Мојот живот до затворот беше исполнет со болка“, рече Микс во 2021 година.
Стана дизајнер и актер
Откако беше осуден на 27 месеци затвор во 2015 година, Микс беше ослободен на почетокот на 2016 година, по што веднаш почна да гради нова кариера. Додека сè уште беше во затвор, доби дури 45 понуди за соработка, а по ослободувањето потпиша договор со менаџерската агенција „Вајт Крос Менаџмент“.
Следеше неговата голема трансформација – од криминално досие до модна писта. Џереми прошета за брендови како Philipp Plein и Tommy Hilfiger, глумеше во филмови (Trigger, True to the Game), а во 2019 година потпиша моден договор вреден 15 милиони долари.
Денес, тој ги дизајнира своите колекции, а на почетокот на 2024 година лансираше нова линија за модната куќа „Канон Мичел“.
„Да ми кажеше некој пред 10 години дека ќе патувам низ светот, ќе глумам во филмови и ќе бидам дизајнер, немаше да верувам во тоа“, рече тој.
Во февруари 2024 година, тој ја објави својата автобиографија, „Модел на граѓанин“, во која отворено зборува за своето детство, криминалното минато, затворот и успехот.
„Се наоѓам во точка од мојот живот кога сум исклучително ранлив и сакам да ја раскажам мојата приказна – целата приказна – и се надевам дека луѓето ќе можат да се поврзат со неа и да разберат како стигнав до местото каде што сум денес“, изјави тој за „Пипл“.
Љубовен живот
Џереми беше во брак со Мелиса Микс речиси десет години, а се разведоа во јуни 2018 година. Според достапните информации, тој поднел барање за развод. Само два дена подоцна, папараците го фотографираа како се држи за раце со наследничката на „Топшоп“, Клое Грин.
Тогаш јавноста првпат дозна за новата романса – Клое објави фотографија од себе со Микс на Инстаграм во јули 2017 година, која сега е избришана, со опис: „Само почеток… Ја ценам целата љубов и омраза“. Мелиса подоцна изјави дека не знаела дека Џереми сака развод сè додека не ги видела контроверзните фотографии. Во емотивно интервју за „This Morning“ во октомври 2017 година, таа призна: „Тој беше неверојатен сопруг, искрено… Беше навистина, навистина тешко за мене“.
Иако изгледаа заљубени и среќни, Микс и Грин не останаа долго заедно. Во мај 2018 година, тие го добија својот син, Џејден Микс-Грин. Врската траеше две години, завршувајќи во 2019 година. Во интервју за People во април 2024 година, Микс потврди дека е слободен. „Слободен сум. Се обидувам да се фокусирам на себе“, рече тој во тоа време.
Татко на две деца
Џереми Микс е татко на две момчиња. Неговиот прв син, Џереми Џуниор, е роден додека тој сè уште бил во брак со Мелиса. Неговиот втор син, Џејден, е роден од неговата врска со Клое Грин. Покрај тоа, Микс во неколку наврати нагласил дека ги смета децата од претходниот брак на Мелиса за дел од неговото семејство.
Во разговор за „Екстра“ во 2020 година, Микс зборуваше за својот однос со двајцата бивши: „Имам неверојатна врска со Клое… А сега имам одлична врска со мајката на мојот најстар син.“ Тој додаде дека обете жени се „неверојатни мајки“ и дека успешно работат заедно за да ги одгледаат своите деца.