Каде исчезна првиот човек на кинеската дипломатија !? Го нема веќе три недели, а на Интернет доколку го пребарувате неговото име – ‘нема резлутати’!

Министерот за надворешни работи на Кина, Чин Ганг, не е виден во јавноста повеќе од три недели, и покрај серијата дипломатски напори на високо ниво за подобрување на врските со САД.

Како поранешен амбасадор во Вашингтон, кој се смета за штитеник на кинескиот лидер Си Џинпинг, се очекуваше Чин Ганг да одигра клучна улога за време на серијата посети на највисоките американски функционери во Пекинг, пишува весникот The Guardian.

Сепак, тој последен пат беше виден во јавноста на средба со колега од Шри Ланка во Пекинг на 25. јуни. На пример, тој не им се придружи на кинеските претставници во разговорите со секретарката за финансии Џенет Јелен на почетокот на јули, ниту за време на посетата на пратеникот за климата Џон Кери.

Сите контакти на високо ниво меѓу двете земји беа прекинати речиси една година откако претседателката на Претставничкиот дом на САДНенси Пелоси, го посети Тајван во август минатата година, поради што неодамнешните посети на американските официјални претставници на Пекинг беа внимателно следени од целиот свет.

На почетокот на јули, кинеските власти ја откажаа и планираната посета на првиот човек за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, без да наведат причина за промената на плановите.

Минатата недела, Кина ја откажа делегацијата на Пекинг на самитот на АСЕАН во Индонезија. Портпаролот на Министерството за надворешни работиВанг Венбин, тогаш изјави дека Чин Ганг нема да оди „од здравствени причини“, но не даде детали.

Една недела подоцна, тој сè уште не се појавил во јавноста, а гласините за неговото отсуство се чини дека се цензурирани на кинеските социјални медиуми. Пребарувањето на фразата „каде е Чин Ганг“ на Интернетот во кина „нема резултати“. 

Новинарот и аналитичар Фил Канингем вели дека пет параграфи за Чин Ганг биле исечени без најава од написот што тој го напишал за односите меѓу САД и Кина.

Во тие пасуси беше посочено дека поранешниот амбасадор во Вашингтон исчезнал од политичката сцена во многу незгодно време и се прашувал дали тоа е поради болест или „политичка причина“.

Чин Ганг исчезна. Не само што го нема во вестите во Кина, туку го нема ниту во мојата статија!“, напиша  Фил Канингем во објава на социјалната мрежа Твитер

57-годишниот Чин Ганг се искачи на политичкиот врв како еден од агресивните „борбени волци“ кои во последниве години внесоа нов, антагонистички стил на кинеската дипломатија. Тој, наводно, бил поддржан и промовиран од самиот Си Џинпинг.

Нетранспарентниот политички систем на Кина значи дека може да биде тешко да се процени причината за ненадејните исчезнувања на високи функционери. Тие понекогаш се предупредувачки знак дека некој поранешен моќник паднал од политичка наклонетост, а следниот пат кога ќе слушнеме за нив е на суд или веќе мртов.

Меѓутоа, понекогаш исчезнувањата имаат поприземно објаснување или барем не влијаат на кариерата. Самиот Си Џинпинг исчезна од јавноста две недели непосредно пред да биде именуван за врвен лидер на Кина во 2012 година. Причината за краткото отсуство од јавната сцена никогаш не беше објаснета.

КинаполитикаЧин Ганг