Стенограми од седниците од независноста па се до сега, пратенички состави, извештаи, но и клучни собраниски одлуки како Декларации поврзани со евроинтеграциите, па и сите циклуси на уставни измеи….Нишот од пред 2020 година, повеќе не се наоѓа на веб-станицата на Собранието.
Поранешниот спикер Вељаноски му испрати писмо на актуелниот собраниски претседател Џафери со критика дека ја избришал дражавната историја.
„Се губи отчетноста на пратениците пред своите гласачи, се губи најсилната алатка на медиумите за прибирање на многу податоци за работата на Собранието, сега и во минатото, пратениците губат можност за црпење на искуства од меморијата на работа и пракса на Собранието, фрлени во сенка се можностите за проверка на ставовите на партиите и пратениците за значајни теми во сегашноста и минатото, пратениците не можат да црпат искуство од воспоставените практики за работа на Собранието, академската и стручна јавност губи сериозен извор на информации и податоци за своите научни потреби“, пишува Вељаноски.
Џафери пак, вели обивнувањата се паушални, целата архива ја снемало поради нова веб-страница на која полека се враќаат сите содржини.
„Процесот на миграција на содржините од претходниот систем е завршен за тековниот пратенички состав 2020-2024, а во тек е валидацијата на мигрираните содржини за претходните пратенички состави. Впрочем, на веб страницата на Собранието, преку дополнителниот линк – Историја, веќе се достапни дел од мигрираните податоци и за претходните пратенички состави од 1991 година до денес“.
Но, каква веб-страница навистина треба да има парламентот?
Комуникациските експерти велат полна бидејки тоа е најважана дигитлана архива во државата.
Кордалов посочува и дека на веб-страниците на институциите во прв план треба да бидат услугите кои институтуцијата ги нуди за граѓаните и компаниите, а дури потоа активностите и биографиите на функцинерите.