Чеченскиот лидер Роман Кадиров повторно ги негираше тврдењата дека страда од сериозни здравствени проблеми, велејќи дека лекарите тврдат дека „има тело на млад човек“.
„Ако пеам, тоа значи дека сум жив. Здравјето ми е добро, ситни поправки правам на секои три месеци, а поголеми поправки на секои шест месеци. Лекарите тврдат дека имам тело на млад човек“, се пошегува Кадиров за време на стрим на руската мрежа „ВКонтакте“, пренесува „Политико“.
Кадиров во неколку наврати ги отфрли гласините дека има здравствени проблеми и бара наследник на лидерот на руска Чеченија, откако се појавија фотографии и видеа на кои тој изгледа надуен и го замаглува својот говор.
На почетокот на овој месец, Кадиров на руската државна телевизија изјави дека оди на лекарски прегледи на секои три месеци и дека единствениот проблем што го има е „благ недостаток на витамин Д“, притоа прикажувајќи и снимки од него како прави склекови.