Вооружените сили на Украина загубија околу илјада луѓе на правецот Орехово и оваа бројка продолжува рапидно да расте. Ова го напиша чеченскиот лидер Рамзан Кадиров на својот канал Телеграм.
– Правецот Орехово е еден од најтешките сектори на огромната линија на фронтот… Недалеку од првата линија на одбрана се наоѓа селото Работино. Токму тука се обидуваат да се пробијат украинските единици. За да се постигне оваа цел, непријателот не штеди ниту жива сила, ниту опрема. Според приближни податоци, загубите на вооружените сили на Украина во оваа насока изнесуваат повеќе од илјада луѓе – напиша Кадиров.
Тој додаде дека оваа бројка продолжува да расте брзо!