Преку одговорните, ефикасни и навремени мерки и политики на Владата предводена од СДСМ, успеавме да ја одржиме економската стабилност.
Во 2022, во една од најкризните години во последните децении, успеавме да реализираме 465 милиони евра во капитални инвестиции, односно реализација на 90 отсто од предвидените капитални инвестиции за минатата година.
Додека се множеа апокалиптични сценарија за македонската економија, СДСМ преку Владата и инситуциите што ги предводи успеа да обезбеди предвидлива деловна клима за домашните и за странски инвестиции.
Тоа го потврдуваат и официјалните податоци. Во 2022 година имаме 2.300 нови работни места и над 430 милиони евра нови инвестиции во ТИР зоните.
16.300 граѓани работат во компаниите во индустриските зони низ целата држава и добиваат плати кои генерално се повисоки од државниот просек.
Извозот од ТИР зоните во 2022 година, достигна 3,7 милијарди евра што меѓу другото се должи и на новоотворените работни места.
Светската економска криза не го спречи растот на платите и пензиите. Во 2022 година минималната плата ја зголемивме на 18.000 денари, а просечната плата достигна над 33.000 денари или 550 евра.
Пензиите се покачија во два наврати, а ново зголемување на пензиите ќе биде во март оваа година, согласно новата методолигија.
За успешноста на економските политики на Владата, потврда е и кредитниот рејтинг на Стандард и Пурс и задржувањето на кредитниот рејтинг на ББ- со стабилен изглед.
Кредитниот рејтинг ББ- со стабилен изглед земјава го има во континуитет и особено е значајно дека рејтингот не е променет и во време кога се соочуваше со здравствено-економска криза, како и ценовната и енергетска криза
Ова е уште еден мотив да продолжиме со ефикасните и одговорни економски политики, кои носат економски пресврт и подобар животен стандард за сите граѓани.