На територија на Град Скопје вчера во рамки на сообраќајните контроли изречени биле вкупно 193 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 47 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол.
МВР денеска информира дека се изречени 10 мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи.