КАКВА БОЈА СЕ ПАТИКИТЕ? Оваа оптичка илузија открива запрепастувачка ВИСТИНА за вашиот мозок

Претприемачката Лори Грајнер објави видео на својот TikTok како држи слика од патика и вели дека тоа ќе збуни многумина. Таа ги подигна патиките и праша какви бои гледаат нејзините следбеници.

Оние кои мислат дека чевлите се розови и бели имаат подоминантна десна страна од мозокот . Оние кои гледаат тиркизна и сива боја имаат подоминантна лева страна на мозокот . Доминацијата на десната страна на мозокот е специфична за луѓето кои се поемотивни, интуитивни и креативни. Од друга страна, луѓето со посилна лева страна на мозокот се поуредени, логични и аналитички.

Мозокот работи како целина, но постои мит дека едната страна на секој човек е посилна од другата , според Healthline.

Повторно вирална фотографија од 2019 година

Инаку, ова е фотографија која е вистинска оптичка илузија и првпат се појави во 2019 година, но сега повторно стана вирална и за нешто повеќе од една недела е прегледана повеќе од седум милиони пати.

„Не можам ни да верувам дека некој ја гледа тиркизната боја“, коментира еден корисник на социјалните мрежи. Друг додаде: „Како може да не гледате тиркизно и сиво? Сиво и тиркизно! Изненадувачки е луѓето да гледаат розово и бело“, напиша трет.

Четвртиот пишува: “Невозможно е некој да види сиво и тиркизно. Ги гледам двете комбинации. Прво видов тиркизна и сива боја, а потоа минута подоцна, по пауза, розова и бела”, откри друг корисник.