Каква година беше оваа за Лорен Санчез! Таа се сврши со третиот најбогат човек на светот, основачот на Amazon, Џеф Безос, а направи и снимање за угледниот магазин Vogue.
Идната г-ѓа Безос (за потсетување – милијардерот претходно беше во брак со Мекензи Скот) го прославила својот роденден со стил за време на изминатиот викенд во Сен Тропе. Page Six известува дека Лорен Санчез дури и танцувала на масите во „La Petite Plage“.
Сведоци кои случајно се нашле таму наведуваат дека ги виделе Лорен Санчез и Џеф Безос заедно со филмскиот продуцент Брајан Глејзер, медиумскиот магнат Дејвид Гефен, членовите на IAC, Бери Дилер и Мајкл Сејлор во популарен ресторан покрај плажа во пристаништето Густавија. Таму била и сестрата на Лорен Санчез.
„Сите се опуштија. Лорен Санчез во одреден момент стана и почна да танцува на масата. Изгледаше како да слават нечиј роденден“, изјавил извор за Page Six.
Ова место е инаку познато по своите диџеј-сетови, а Мајкл Сејлор седел на посебна маса од групата на Џеф Безос, додека гуруто на вештачката интелигенција Сем Алтман исто така бил во истиот ресторан.
Друг извор додал дека Џеф Безос и Лорен Санчез престојуваат на неговата суперјахта вредна 500 милиони долари додека се во градот.
Пријателките на Лорен Санчез, вклучително и адвокатката Лидија Кивес биле на роденденската забава. Без сомнение, ова ќе биде викенд за паметење за Лорен Санчез.