Каква драма, Хрватска во полуфинале: Шипиќ погоди за победа во последната секунда

Хрватските ракометари се првите полуфиналисти на Светското првенство.

Во Загреб, по голема драма и пресврти, Хрватите ја совладаа Унгарија со 31:30.

Решавачкиот гол го постигна Шипиќ во последната секунда.

Хрватска беше на работ од бездната, бидејќи Унгарците имаа четири гола предност во финишот. Но, поносени од публиката во „Арената“, домашните ракометари ја добија серијата со 6-1 и влегоа во борба за медали.

Хрватска во полуфиналето го чека победникот од пресметката меѓу Франција и Египет.

Во вториот дел од ждрепката одиграна во Осло, во среда во четвртфиналето ќе се сретнат Данска – Бразил и Португалија – Германија.