Еден од најдобрите фудбалери на денешницата Нејмар се врати во Сантос, а неговата епизода во Ал Хилал остана запаметена само по енормните пари што ги заработи.
Решил дека парите се доволни, дека е време да се врати на корените и да ужива во фудбалот, а колку му значи сето тоа покажа и на официјалната презентација.
Нејмар плачеше како дете, а оваа сцена го обиколи светот…
Обожавателите го пречекаа како што му доликува, а сите се надеваат дека Неј ќе биде здрав и дека е време убавата бајка да продолжи, токму таму каде што започна се…