Ден пред мајката да го купи лозот, ќерката била пуштена од болница по завршувањето на лекувањето од рак на дојка
Жена од Флорида која ги потрошила животните заштеди за лекување на рак на дојка за нејзината ќерка, освоила два милиони долари на лотарија еден ден откако нејзината ќерка го завршила болничкото лекување, пишува Sky News.
Џералдин Гимблет ја зеде главната награда на таканаречената гребка. Кога отишла да купи лоз, продавачката и рекла дека немаат повеќе.
– Ја замолив да провери уште еднаш и го најде последниот! – им порача таа на одговорните во лотаријата, се наведува во соопштението.
Нејзината ќерка Лоренсина Џексон рече:
– Еден ден пред мајка ми да го купи овој лоз, ја напуштив болницата откако го завршив лекувањето со рак на дојка – рече таа.
– Мајка ми ги потроши животните заштеди за да се грижи за мене кога бев болна. Многу сум среќна за неа! – додаде таа.
Гимблет изјави за Добро утро Америка на ABC дека трошењето на заштедата за лекување на ракот на нејзината ќерка е лесна одлука.
– Навистина не размислував за тоа. Јас само го направив она што требаше да го направам, рече таа.
На Џералдин Гимблет и се придружија ќерката и внуката при собирањето на добивките.
Со оглед на тоа што одлучила да ја бара наградата паушално, дома ќе си однесе 1,6 милиони долари, пишува Sky News.