Дејвид Филип Ветер како и секое новороденче поминал девет месеци во утробата на својата мајка, а само неколку секунди по раѓањето бил ставен во пластичен балон кој никогаш повеќе не го оставил.
Дејвид страдал од ретка состојба наречена SCID (тешка комбинирана имунодефициенција), што значело дека тој немал функционален имунолошки систем.
Дејвид било третото дете кое го добиле неговите родители. Роден е во септември 1971 година во Тексас, САД. Тој бил трето дете на неговите родители Керол Ен и Дејвид. Тие ја имале и ќерка, Кетрин, а подоцна и синот, Дејвид Џозеф, кој починал во детството исто така од SCID. Кога парот дознал дека ќе имаат уште едно момче, докторите рекле дека има 50 отсто шанси и тој да се роди со SCID.
Младото момче во 1977 година добило подарок кој му овозможил слободно да живее.
Специјалистите верувале дека чувањето на Дејвид во пластичен, стерилен балон ќе биде краткотрајно и мислеле дека момчето ќе заздрави до својата 2-годишна возраст. На крајот, тој цел живот бил затворен во балон за да се заштити од вируси и бактерии кои би биле фатални за него.
Персоналот од болничкиот центар во Тексас, каде Дејвид ги поминал првите 5 години од животот, се запрашал дали е етички да се одгледува дете во балон, но на крајот се согласиле дека немаат друга опција и дека мора да е така.
Сè што добивало момчето – храна, вода, пелени, облека, книги – морало да се стерилизира и да се остави кај него низ отворите за воздух. Овие изолациски центри биле дизајнирани од научници на НАСА, кои подоцна создале одело за Дејвид, слично на одело за астронаут, за да може слободно да се движи.
Благодарение на вселенскиот костум, кој во тоа време вредел 50.000 долари, мајката на Дејвид, Керол Ен, на 29. јули 1977 година, кога Дејвид имал пет години, за прв пат можела да го држи и прегрне својот син во раце.
Со текот на времето, како што напредувале медицинските опции, се појавила нова надеж за Дејвид.
Во 1983 година, докторите предложиле нова процедура – трансфузија на коскена срцевина од донатори кои не се идеални. Кетрин, сестрата на Дејвид, доброволно се пријавила како донатор во обид да ја излечи болеста на нејзиниот брат.
За жал, четири месеци подоцна, на само 12 години, Дејвид Ветер починал од лимфом, рак за кој подоцна беше потврдено дека бил воведен во неговиот систем од вирус, кој спиел во сржта на неговата сестра.
Се верува дека Дејвид бил последниот човек кој некогаш бил ставен во пластичен балон и го поминал животот во истиот.
Тексас болницата подоцна го отвори „Дејвид центарот“ – посветен на истражување, дијагноза и третман на имунолошки недостатоци. Денес, благодарение на момчето и наследството што го остави зад себе, сега постојат закони кои дозволуваат скрининг панели за новороденчињата. Понатаму, многу деца кои страдаат од SCID се рано дијагностицирани и сега се способни да водат здрав, нормален живот.