Претседателот на Русија даде необични изјави
Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска на годишната конференција со часови зборуваше за војната во Украина , војната во Израел, економската состојба во земјата, но даде и неколку необични изјави.
Во еден момент Путин објасни како човек може да се справи со стресот
„Чувството на должност помага да се преживее стресот, треба да направите се за да ги постигнете своите цели, не обрнувајќи внимание на отпадот“, рече Путин.
„Со текот на годините се научив себеси дека треба да се трудиш да го избереш најважното нешто и да направиш се за да ги постигнеш своите цели“, рече Путин, сумирајќи ја годината.
Како што рече, човек треба да има широко видно поле, да разбере и анализира се.
„Морате самоуверено да одите кон својата цел ако сте сигурни во она што го правите, а јас сум уверен“, заклучи Путин.
Забележан е уште еден детал за конференциите, а тоа беше кога Путин зборуваше за јајца.
Имено, претседателот на Русија и се извини на пензионерка, која го праша кога ќе поевтинат јајцата и месото.
Жената рекла дека цената на десет јајца скокнала на 220 рубли, додека килограм бело месо сега чини 350 рубли, додека порано било 165.
„Имајте милост за пензионерите, немаме милионски пензии, направете нешто“, рече пензионерката.
Путин рече дека разговарал со министерот за земјоделство за цената на јајцата и дека добил уверување дека се е како што треба. Путин го оправда зголемувањето на цената со зголемувањето на платите, што доведе до зголемена побарувачка.
„Многу се популарни. Многу често ги јадам, јајца на око. Би можел да изедам десетина од нив за појадок. Она што се случи со цената е поголема побарувачка, но производството не се зголеми“, се правдаше Путин.