Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ на импресивен начин го започна своето учество на овогодинешниот УС Опен, откако во мечот од 1.коло на „Артур Еш“ стадионот го совлада Французинот Александар Милер со 6:0, 6:2, 6:3.
Начинот на кој играше Ноле многу ги израдува навивачите, но она што денеска ги разочара е новата информација, а тоа е дека Ѓоковиќ се повлекол од турнирот кој многупати го освојувал.
Имено, меѓу играчите кои ќе настапат во Пекинг на турнирот во категоријата 500 го нема името на Новак.
Ѓоковиќ е единствениот тенисер од првите десет што ќе му недостига настап во Кина, бидејќи таму ќе играат и Карлос Алкараз, Даниил Медведев, Холгер Руне, Каспер Руд, Јаник Синер, Стефанос Циципас, Андреј Рубљев, Тејлор Фриц.
Турнирот е закажан од 28 септември до 4 октомври, а колку удобно се чувствувал на ова место говори податокот дека во периодот од 2012 до 2015 година освои дури шест титули, од кои четири ппследователни.
Ова беше и последен пат Ѓоковиќ да игра во Пекинг, но и понатаму суверено го држи рекордот по бројот на освоени титули.