Водителката на ХРТ Зринка Гранчариќ падна додека го водеше Дневник-от, а видеото набрзо почна да се шири на социјалните мрежи.
Таа се заглавила на работ од скалите во студиото. Но за среќа успеала да се фати и не е тешко повредена. Таа се насмеа и кратко рече: „Добро е, жива сум“.
На крајот од емисијата таа повторно се осврна на својот пад, кој насмеа многу корисници на социјалните мрежи.
„Се надеваме дека нашите спортисти се поагилни отколку што бев јас предмалку“, рече таа.
„Одлично се дочека, плус многу убава реакција“, „Зринка е професионалец во се, од интервјуирање политичари, коментирање на едрење до паркур во студио“, добро го направи ова, се снајде“, „Ми се допаѓа како сликата позади се смени токму кога падна“ се дел од коментарите на Твитер.
Инаку, Зринка во светот на новинарството влезе во 1994 година како 19-годишна студентка. Публиката ја препознава од емисиите на ХРТ „Тема на данот“ и „Отворено“.
Еве го видеото кое стана хит на социјалните мрежи:
bilo je samo pitanje vrimena kad će skalina uzet žrtvu https://t.co/rNbtGcIswl pic.twitter.com/kk3g6Wz5aW
— borrissey (@brrssy) July 20, 2024