За време на фудбалскиот натпревар од турската Суперлига на 26 февруари помеѓу Бешикташ и Анталијаспор, илјадници навивачи фрлаа плишани играчки на теренот и предизвикаа прекин на натпреварот.
Плишаните играчки почнаа да летаат по 4:17 минути игра (време кога се случи ужасниот земјотрес) и многу брзо покрија дел од теренот ,,Водафон парк” во Истанбул.
Навивачите ги собраа играчките и ги фрлија за илјадниците деца кои беа погодени од силните земјотреси што на 6 февруари ја погодија Турција.