КАКОВ ЛУКСУЗ! Дали ги сакате Лепа Брена и Петар Грашо на вашата свадба ? Ќе се шокирате кога ќе дознаете колку пари чини настапот од само 10 минути

Претприемачката Мартина Равлиќ Маријановиќ (40 г.), која е ќерка на успешен словенски бизнисмен, чија венчавка со денови е „главна тема“ низ цела Хрватска, го украде вниманието на јавноста со својата необична венчаница, но и со тоа што Лепа Брена и Петар Грашо беа задолжени за свадбената прослава.

Мартина и нејзиниот сопруг Дарко Маријановиќ, сопственик на хотел во Водице, биле во долга врска пред да стапат во брак – цели пет години, а првиот танц на свадбата, го заиграа на песната од хрватскиот шармер, „Ако те питају“.

Настапот на легендарната Лепа Брена траел до по полноќ. Гостите ја пречекале со громогласен аплауз, пееле и играле на нејзините песни, а многумина сакале да направат фотографии со пејачката за спомен.

Во оваа прилика, хрватскиот весник Jutarnji list реши да истрежи колку, според многумина, една од најголемите балкански ѕвезди Петар Грашо и Лепа Брена ги наплаќаат своие настапи на свадби.

Според пишувањето, настапот на Лепа Брена на приватни забави е убедливо најскап, а доколку ја сакате како ѕвезда на вашата свадба, за тоа задоволство ќе треба да платите дури 30.000 евра.

Што се однесува до Петар Грашо, изворот на весникот од музичката индустрија кажал дека тој не настапува премногу на приватни забави, а повеќе сака да доаѓа на свадби и да пее една или две песни.

Петар Грашо ќе ви наплати ни помалку ни повеќе туку 2.000 евра за десетте минути што ќе ви пее“, кажал изворот за споменатиот весник.

Лепа БренаПетар ГрашосвадбаХрватска