Руски војник кој според неофицијални информации бил под дејство на алкохол го урнал моќниот систем за против-воздушна одбрана S-400 во ров (дупка) во руската област Тула.
Одредени руски профили на социјалната мрежа Телеграм, според информациите на Newsweek, објавија дека системот S-400 паднал во канал покрај патот.
Рускиот профил на социјалната мрежа Телеграм, Baza, кој редовно објавува информации за безбедносни прашања во земјата, објави дека 33-годишниот руски војник кој го урнал системо S-400 наводно паднал на алкотестот кој покажал присуство на алкохол во неговата крв.
„Војникот изгубил контрола и го удрил камионот со против-воздушниот ракетен систем во ендек“, тврди споменатиот профил.
Профилот наведува дека военото возило се движело како дел од колона од осум камиони без придружба на Армијата. Возилото кое го управувал војник заостанувало зад колоната, а потоа излетало од патот и се превртело.
„Камионот падна точно врз проектилите, но за среќа оружјето не беше активирано. Возилото било превртено, но се испоставило дека му биле скршени сопирачките, па решиле да го остават на местото на настанот под заштита на полицијата и војската“, пишува во објавата на споменатиот профил и се додава дека војникот при превртувањето ја скршил раката.