Новак Ѓоковиќ успеа во својата „мисија“ да стане најдобар тенисер во светот, но и најдобар кој некогаш се занимавал со овој спорт. Постави бројни рекорди, продолжува да ги урива, а истовремено брка и нова Грен слем титула на Вимблдон.
Практично, Новак веќе не мора да игра тенис, бидејќи веќе стигна до титулата „GOAT“ (најдобар на сите времиња), но сепак се бори за лична сатисфакција, а во исто време тренира со синот, кои покажуваат завиден тениски талент..
Стефан често игра тенис со својот татко , сега „тренира“ покрај Новак на теренот, а на социјалната мрежа Твитер се појавија фотографии на кои се споредува стилот на игра на „малиот Ѓоковиќ“ со неговиот татко, а сличноста е неверојатна.