Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ заедно со синот Стефан во петокот вечерта го следеше натпреварот помеѓу Монако и Партизан во Евролигата на кој црно-белите обезбедија пласман во ТОП 8, а ден подоцна тој беше дел од промоцијата на Мастерсот во Монте Карло.
Србинот и Италијанецот Јаник Синер играа мини тенис на плажата „Ларвото“, а српскипт ас ја искористи приликата да се пошегува на сметка на Давид Медведев, имитирајќи го неговото враќање од зад основната линија.
После тоа, Новак го повика синот Стефан да му се придружи, па наследникот на Ѓоковиќ на мини теренот ја покажа својата тениска вештина, а на сите им го украде шоуто, исто како и на кошаркарскиот натпревар.
Да потсетиме, турнирот во Монте Карло започнува во понеделник, а прв противник на Новак ќе биде подобриот од дуелот помеѓу Брендон Накашима и Мекензи Мекдоналд.