Денес видовме што е разликата меѓу полиција во функција на партијата на власт и полиција која треба да го штити редот и безбедноста во државата.
Поранешниот пратеник, а пред пред пет години и потенцијален кандидат за лидер на ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски на твитер напиша: Кога одбележување на Гоце е настан од визок ризик, знаете што значи, нели?
А кога избор на спикер во Парламентот е настан со висок ризик, како што беше на 27 април 2017 година, што тоа значи!? Во тоа е разликата меѓу Македонија во 2023 и Македонија во 2017 година.
Во тоа разлика е содржана целата трансформација низ која помина државата, за разлика од пред шест години сега разни нинџи и ќосиња не шетаат со полициски значки низ Скопје и Македонија и полицијата си ја врши својата работа.
Гледате моделот е многу едноставен. И се беше јасно по вчерашната видео (конференциска). врска на премиерот Ковачевски, министерот за внатрешни работи, Спасовски, првиот човек на Агенцијата за национална безбедност, Милошевски, во присуство на американската амбасадорка во Македонија, Агелер, со советникот во Стејт Департментот задолжен за регионот, Дерек Шоле. По таа средба се беше како под конец направено.
Ги смена најавите за пет илјади луѓе кои ќе се соберат пред белата палата и организирано ќе одат кон Свети Спас. Ги смена, освен некои политички и медиумски маргиналци ( кои си ги чуваат и негуваат како декор за вакви перфонманси ) “мртвите стражи” пред Свети Спас. Димитар Апасиев го пратија да положува цвеќе пред некое дрво во градот Кукуш каде е роден Гоце Делчев.
Падна ( случајно !? ) системот на граничните премини кон Бугарија. Специјалните полициски единици со подддршка на хеликоптерите ги блокираа сите пристапи кон Свети Спас. Ангел Џамбазки го пратија да чествува во Благоевград или Горна Џумаја, со изјави дека се уште размислува дали ќе дојде во Скопје да се поклони на гробот на Гоце Делчев. И тоа е тоа…
Така сериозна држава си ги завршува работите за да не се случи нов 27 април. Откако завршија тензиите сега секој ќе може да оди и да се поклони на гробот на Гоце Делчев.