КАКО БЕШЕ УКРАДЕНА МОНА ЛИЗА? Меѓу уапсените беше и познатиот Пикасо, а вистината беше сосема неочекувана!

Сликарот Пабло Пикасо бил меѓу осомничените за кражбата на Мона Лиза од парискиот Лувр во 1911 година, според шпанските медиуми.

Кога познатата слика на Да Винчи исчезна од париски музеј, тоа беше наречено „кражба на векот“ – музејот беше затворен една недела за детална истрага, а Пикасо беше меѓу осомничените, заедно со поетот Гијом Аполинер.

Тој се пофали пред новинарите

Гари Пјер, асистентот на гореспоменатиот поет, украл две бисти во 1907 година, од кои едната ја продал на познат сликар, а другата ја дал како подарок, според порталот „Каденасер“.

Оваа кражба на бистата не беше откриена од полицијата, а ја призна самиот Пјер, кој четири години подоцна сакаше да се пофали со својот потфат пред печатот – откако Мона Лиза беше украдена од Лувр!

Потоа полицијата започна истрага против Гијом Аполинер и Пабло Пикасо.

Поетот поминал шест дена во затвор, додека Пикасо бил уапсен и испрашуван.

Кој ја украде Мона Лиза?

Познатиот сликар негираше дека ги познава Аполинер и неговиот помошник крадец, како и дека не го знае потеклото на бистите.

На крајот, се откри дека Мона Лиза ја украл вработен во Лувр, Винченцо Перуџа, кој ја извадил сликата од рамката и ја изнел од музејот под палтото.

Тој бил уапсен во 1913 година додека се обидувал да ја продаде на директорот на галеријата Уфици во Фиренца.