Како би изгледала табелата во шпанската лига доколку нема ВАР: Реал Мадрид убедливо најмногу би профитирал

Шпански АС ја објави табелата на шпанската Примера како би изгледала без интервенција на ВАР технологијата и откри како би се случила најголемата промена на врвот.

Наместо да ја води Барселона, Реал би бил на врвот со 76 освоени бодови, седум повеќе од сега, а на врвот на табелата би бил со предност од цели осум бода пред Барселона, која би имала шест бода помалку од денеска.

„ВАР се користеше во 162 наврати оваа сезона и веќе го надмина бројот на интервенции од минатата сезона (154) и е на прагот да го собори рекордот од сезоната 2022/23 кога достигна бројка од 179 интервенции. Техничката комисија на судиите е критикувана за овие бројки треба да биде заштитна мрежа против јасни и очигледни грешки. Досега ВАР поништи 36 гола поради офсајд”, се наведува во текстот.

Најголем дел од критиките се поради ситуациите кога ВАР не интервенираше, во кои минатата недела најгласни беа Реал Мадрид и Виљареал.

Мадрид се жалеше на промашениот пенал против Белингем и поништен гол на Винисиус поради претходниот офсајд на Ендрик.

„Ова е трет свет. Тоа е шлаканица за фудбалските фанови воопшто, а особено за навивачите на Реал Мадрид. ФИФА не избра ниту еден шпански судија за Светското клупско првенство. Не знаеме дали тоа е поради тоа што се лоши или затоа што се сомневаат во нив, исто како и ние. Ова е неприфатливо; тоа е вистински срам“, рекоа тие на ТВ Реал.

Жолтата подморница, пак, се пожали на поништениот гол на Ејонг и тоа поради претходно досудениот фаул.

„Заслужуваме почит. ВАР е воведен во фудбалот за вакви ситуации“, коментираат тие.