Јелена Карлеуша е позната како личност која не жали што го потрошила последниот денар на својата гардероба. Т
аа во вторникот отпатува на една од нејзините најомилени светски дестинации – Дубаи, а веднаш штом се одмори од напорното патување, се упати кон најголемиот трговски центар во светот – Дубаи Мол, за да ги посети бутиците со луксузни модни брендови и да ги почести самата на нови ткаенини.
Така ЈК веднаш отишла во еден од нејзините омилени бутици, каде веднаш се фатила за прескапо боди „Dolce & Gabbana“ со украсни штрасови, чија цена на обичните смртници веднаш би им се завртила во глава.
Имено, Јелена за овој ревијален модел издвоила ни помалку ни повеќе туку 8.950 евра, додека за ракавици од истиот бренд и со идентични мотиви издвоила вртоглави 2.450 евра, што е вкупно 11.400 евра за овие две парчиња.
Инаку, моделот што Јелена го избра пред себе на ревијата во Милано минатиот септември го носеше и сестрата на Ким Кардашијан, Клои, како и нејзината ќерка Тру. Како што знаеме, Јелена ќе ги носи овие ексклузивни модели за промоцијата на албумот „Алфа“, кој се очекува во текот на летото.
Секако, дивата не застана тука и скокна до „Balenciagа“, каде што ѝ падна во очи чизми со сини кристални вредни 8.000 евра.
Да потсетиме, Јелена моментално ужива во Дубаи, во еден од најлуксузните хотели со пет ѕвезди. Таму сè е прилагодено на нејзините потреби и таа ќе ужива како вистинска кралица.
За седум ноќевања во ова одморалиште Карлеуша морала да издвои најмалку 10.000 евра, што и не е многу, со оглед на тоа што потрошила толку многу на гардероба и тоа само за еден ден престој во Емиратите.