КАКО ДА ГИ ПРЕПОЗНАЕТЕ ‘ТИВКИТЕ’ СИМПТОМИ НА ОВАА ОПАСНА БОЛЕСТ !? Ги напаѓа белите дробови, а тешките болки на овој дел од телото ви кажуваат само едно – веднаш посетете доктор!

Болката во рамото може да биде знак за сериозна болест, а ова се симптомите!

Важно е да ги слушаме односно осетиме сигналите што ни ги испраќа телото, бидејќи така можеме да дејствуваме навремено и да спречиме прогресија на разни болести. Покрај одењето на доктор, само кога ќе забележиме дека нешто не е во ред, на прво место е превенцијата, редовните прегледи и скринингот, кога се работи за подмолно заболување, како што е ракот.

Дали знаевте дека болката во рамото исто така може да биде знак за оваа непријатна болест ? Според Cancer Research UK, многу редок вид на рак на белите дробови, познат како „Pancoast“, предизвикува силна болка во рамото. „Pancoast“ односно туморот карактеристично ги зафаќа горните делови на белите дробови, најчесто првите три ребра. Болката може да се движи по раката или нагоре по главата и вратот. Туморот расте на врвот на белите дробови и често го притиска нервот што се протега од вратот до лицето.

Други симптоми вклучуваат овенетост или слабост на едниот очен капак, како и присуство на мала зеница во окото. Третманот зависи од големината и локацијата на ракот, како и од општата здравствена состојба на пациентот. Хемотерапијата и радиотерапијата може да се користат за намалување на туморот, како и ако ракот се проширил. Но, раното откривање е многу поважно бидејќи може да им овозможи на докторите да ја запрат болеста пред да се прошири на други делови од телото.

Исто така, пушењето е поврзано со овој тип на рак и тоа е најчеста причина за рак на белите дробови кај луѓето. Просечната возраст на пациентите со оваа дијагноза е 71 година, а многу ретко се случува да се разболат на возраст под 20 години. Ако сте активен пушач, размислете да се откажете од цигарите. Ако не можете сами да го направите тоа, побарајте помош од доктор и специјалист.

болестживотздравје