Иако повеќето од нашите домаќинки се навикнати да варат јајца во лушпи од кромид, ви препорачуваме неколку нови техники кои ќе направат вашите велигденски јајца да изгледаат чудесно.
„Јајца од чипка“
Велигденските јајца може да се украсат и со чипка. Јајцата завиткајте ги во ленти од тантела и убаво врзете ги. Во садот ставете ја бојата за јајца, потопете ги јајцата со тантелата внатре неколку минути. Извадете ги надвор и почекајте да се исушат, па на крај отстранете ја тантелата од нив.
Пена за бричење
За оваа декорација потребна ви е пена, бои за јајца, тавче, ракавици, крпа, сад со вода и претходно тврдо варени јајца.
На дното на тавата ставете пена за бричење на целата површина. Земете ги боите за јајца и прелијте ги со пената за бричење за да биде што пошарена. Со ракавици земете ги варените јајца и внимателно извалкајте ги во обоената пена за да бидат целосно покриени со неа. Ставете ги на страна на салфетка, за да се исушат боите.
Кога ќе се исушат, потопете ги јајцата во сад со вода и отстранете ја пената од нив. Избришете ги со крпа и исушете ги целосно. Исто така, доколку сакате дополнително да ги збогатите добиените шарени јајца, додадете им сјај или украсни налепници.
Сјајни јајца
Доколку сакате вашите јајца да блескаат на масата, ви препорачуваме да ги обоите со сјај. Се што ви треба се чаши, различни светки бои и лепило за спреј. Пред самиот процес на украсување на јајцата, потребно е силно да се сварат, па да се остават да се изладат.
После тоа, секое поединечно јајце ставете го во посебна чаша и попрскајте го со лепак. Посипете ги со различни бои и оставете ги да се исушат. Внимавајте при вадењето на јајцата од чашата да ги притискате јајцата што е можно помалку, бидејќи откако ќе се исушат ќе останат отпечатоци од прсти.