За да се заштитите и да го зајакнете имунитетот особено во зимските месеци, важно е да се водите грижа за вашето здравје и да се фокусирате на правилната исхрана.
Витаминот Д игра клучна улога во борбата против болестите. Недостатокот на витаминот Д може да ја зголеми веројатноста за настинки и да го продолжи времето на опоравување од болести.
Докторите го истакнуваат значењето и на витаминот Б12, како и важноста на одржувањето на соодветни нивоа на железо и фолна киселина. Ниското ниво на овие хранливи материи може да предизвика чувство на замор, недостаток на енергија и анемија.
Сепак, не е неопходно да се земаат само витамински суплементи, туку најдобро е да се одржи баланс во исхраната.
Храната која е богата со протеини е есенцијална за обновување на клетките и мускулите, додека суплементацијата со цинк може да биде од голема помош во превенцијата на респираторни инфекции.
Треба да се обрне внимание на знаците на недостаток на витамини, како што се губење на косата, промени на кожата и нарушувања на расположението, и да се прилагодат навиките за да го одржат имунолошкиот систем здрав и силен, велат докторите.