Како да знаете дали сте добар родител? Поставете им само едно прашање на вашите деца

Ален Де Ботон, познатиот филозоф и автор на книгата „Архитектурата на среќата“, посочи на клучното прашање што секој родител може да го постави на своето дете за да го оцени квалитетот на неговото родителство.

Де Ботон зборуваше за тоа како да препознаете дете кое е самоуверено. Според него, вистинското прашање што еден родител треба да го постави на своите деца е: „Дали сакате да бидете славни?

@20vc_tok

Is this the sign of good parenting? 👏 #20VC with Alain de Botton. Link in bio. — #harrystebbings #founder #ceo #startup #parenting #parent #parentingadvice #parentaladvice

♬ original sound – 20VC

 – Знак за добро родителство е дете кое нема желба за популарност – изјави Де Ботон.

Тој објасни дека децата кои не се стремат кон популарност обично имаат силна внатрешна валидација која им овозможува да бидат задоволни без надворешно препознавање.

– Таквите деца не чувствуваат потреба да бидат ценети од странци, доволно е да бидат ценети од оние што навистина ги познаваат – рече тој.

 

Од друга страна, децата кои сакаат да бидат познати често бараат надворешна потврда преку еднострано внимание на публиката, наместо преку автентични, двонасочни односи.

Де Ботон објасни дека луѓето кои копнеат за слава всушност бараат почит и љубов преку популарноста, но честопати доживуваат спротивни емоции како несигурност, завист и непријателство.