Зошто денешните деца се сè понеспособни за живот и како што поскоро да ги осамостоиме, да застанат на нозе?
Родителите на Балканот генерално веруваат дека родителството е жртва и колку повеќе се потчинуваме на потребите на нашите деца, толку сме подобри родители. Но, дали е тоа вистинскиот начин? На што ги учиме нашите деца?
Децата уште од мали ги учиме дека се важни само тие, а кога кај нив ќе препознаеме себичност – не знаеме како да реагираме.
Набљудувајќи ги само прославите на детските родендени, разбираме дека денешниот родител има една мисија: да го разгалува детето, да го опкружува со изобилство и обожавање бидејќи смета дека само тоа може да придонесе да прерасне во здрава индивидуа.
„Колку повеќе душа му давате,
толку помалку добиваш за возврат“ – се стиховите на поетот Едуард Асадов.
Морално здравите луѓе немаат за цел „да го подигнат детето на нозе“, бидејќи за ова е потребно само да се биде таму со нив, а тие самите ќе научат како да „стојат на нозе“ со време.
Евреите велат: „Ако сакате вашите деца да застанат на ,,свои нозе”, тргнете ги од вашиот врат“.
Ова значи дека на детето треба да му се даде поголема слобода да го избере својот пат, да се грижи за себе уште кога е помал и да успее само да си го пронајде својот пат.