Сите имаме проблем да ја одвиткаме алуминиумската фолија, но овој трик го решава тој проблем
На социјалните мрежи се појавуваат разни трикови, совети и препораки кои ги олеснуваат домашните работи, заштедуваат време и пари и го олеснуваат животот. Некои од нив се само мамка за кликови и лајкови, додека некои навистина функционираат.
Еден таков трик се појави на TikTok.
Веројатно барем еднаш ви се случило алуминиумската фолија по грешка да се одвитка и да ја изгуби својата функција.
Потоа мора внимателно да ги откинеме малите делови за да ги поправиме работите, но во повеќето случаи тоа не е лесна задача.
Решението за овој проблем го нашла блогерката Џен Фалик, која со своите следбеници на TikTok споделува корисни трикови дома, пренесува Telegraph.
@jennfalik A fix for that frustrating shredded tin foil fail, using just… tin foil! #kitchenhacks #tinfoil #momhack #whoknew #mindblown #kitchen #momlife #problemsolved ♬ original sound – Master Shopper & Over-Sharer
Во видеото таа покажа дека, во оваа ситуација, потребно е да се направи мало топче од алуминиумска фолија и внимателно да се олупат деловите од фолијата кои по грешка се одмотани.
За само неколку секунди – фолијата е униформа и подготвена за повторно употреба.