Родител на ученик од основното училиште „Владислав Рибникар“ од Белград рекол дека е изненаден што сите деца со кои се дружел момчето-монструм (13 г.) биле на списокот за убиство, пишуваат соседните медиуми.
Речиси ништо не можеше да навести дека момчето (13 г.) во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар ќе дојде со пиштолот на татко му и ќе убие осум ученици и еден чувар, бидејќи, како што се наведува, важел за примерен и талентиран ученик. Учествувал на бројни училишни натпревари и бил еден од најдобрите ученици во својата генерација. Индикативно може да биде тоа што на неговиот список имало имиња на ученици со кои имал добри односи, тврди родител на ученик кој учи во училиштето „Владислав Рибникар“.
Седмо-одделенецот минатата година го освоил третото место на натпреварот по историја. Како што кажале родителите на децата кои го посетуваат тоа училиште деновите по трагедијата, тој важел за дете на кое и самата повредена наставничка му се восхитувала.
„Без разлика дали тоа е поради натпреварот или затоа што ја сакал историјата и учел со разбирање, наставничката била таа што му обрнувала внимание во некои работи повеќе од другите деца. Сите сме во шок по фактот што сакал да ја убие и дека имал некаков гнев кон неа“, изјавил за соседните медиуми родител на ученик од одделението каде се случи масакарот.
Момчето неколку пати учествувало на натпревари по математика и добивало пофалби. Во деновите по масакрот на 13-годишното момче, српските медиуми дознаа дека неговата листа на луѓе кои сакал да ги убие ги вклучува сите негови добри пријатели.
„Тоа се сите деца со кои се дружеше долги години. Имаше другарки од училишниот двор, од класот, но и оние со кои се гледаше и посетуваше надвор од училиште. Меѓу девојките на списокот има и такви кои имале симпатии кон него. Едноставно сакал да ги отстрани од животот луѓето кои му биле блиски, зошто е тоа така – никој не знае“, изјавил таткото на едно момче, кое често се дружел со детето-убиец после училиште.
Тој додал дека се обидел да разговара со синот за се, но не сфатил ниту една конкретна причина и мотив за овој грозоморен чин. „Ми кажа дека никој од луѓето од списокот не го исмејувал, напротив. Син ми ми кажува дека на неговиот роденден, ноќта пред масакрот, зборувал за некои од неговите животни планови, но ништо што би укажувало до масакрот. Зборуваа и за некои девојчиња, одмори, за школо – контролни задачи .Верувајте ми, моето дете е во шок што е ‘негов другар’ со кој оди да ја шутне топката после училиште“, изјавил потресениот татко.