Долго се криеше од очите на јавноста!
Големо внимание привлекуваат големите ѕвезди на естрадата како Драгана Мирковиќ . Јавноста будно го следи секој нејзин чекор, сакајќи да дознае како живее гигантот од народната музика.
Луѓето се особено заинтересирани за нејзиното семејство , сакајќи да знаат каква мајка, сопруга и сестра е Драгана. Покрај богатата кариера, Драгана остварила и хармоничен семеен живот со сопругот Тони и наследниците Марко и Мануел. Но, бидејќи другите членови на нејзиното семејство не се експонираат во јавноста, многумина не ни знаат дека Драгана има сестра.
Сестрата на Драгана, Душица Крумов ретко се појавува во јавноста, а нејзините фотографии откриваат дека многу личи на својата позната сестра. Душица може да се пофали со совршена убавина, а за Драгана е многу приврзана иако живеат стотици километри еден од друг.
Инаку, Душица е вработена во телевизијата на Драгана , каде што и е доверена целата работа кога пејачката и нејзиниот сопруг Тони не се присутни.
Пејачката изградила бајковит живот во Австрија со сопругот и децата , а постојано нагласувала колку и е важно нејзиното семејство и колку и значи нивната поддршка.