Како да спиете удобно, а наутро да се разбудите без болки во грбот: Експерт открива кои пози се најдобри за мирна ноќ

Спиењето е многу важно за општото здравје, експертите посочуваат дека меѓу шест и осум часа е оптималното време за одмор, освежување и полнење на „батериите“ на телото за следниот ден. Сепак, дури и кога спиеме толку многу часови, многу често се будиме со болки во грбот и вратот.

Најчесто за оваа непријатност ги обвинуваме душеците, како и насобраниот стрес, поради кој не спиеме „добро“, туку во некаков грч. Меѓутоа, многу често станува збор само за положбата што ја заземаме кога одиме во кревет, а експертот за спиење и основач на компанија која произведува перници од мемори пена, Џејмс Лајнхарт, открива кои две пози практично ја спречуваат болката во грбот по будењето.

Лежењето во кревет го става вашиот ‘рбет во директен контакт со душекот, а поентата е да ја распределите вашата телесна тежина рамномерно. За да му ја дадете потребната поддршка на вашето тело, ставете перница под колената за да помогнете во распределбата на овој товар“, објаснува Џејмс Лајнхарт.

Друга поза која помага да се спречи појавата на болки во грбот се нарекува „сонувач“, а всушност се работи за спиење на страна. Во оваа поза, ушите, рамената, колковите, колената и глуждовите се во линија, со што се намалува оптоварувањето на ‘рбетот. Исто така, се препорачува да поставите перница помеѓу колената и глуждовите за да ви биде што поудобно. На овој начин ќе го намалите притисокот на горниот дел од нозете.

Овие положби делуваат благотворно и кога е многу топло во станот, а генерално ниту една друга поза не ни одговара. На овој начин, спиењето е поудобно, на телото му се дозволува вистински да се опушти и одмори.

животздравје