За многумина свадбата е круна на љубовта и секој се труди тој ден да го направи посебен. Многу младенци ја планираат својата венчавка со месеци однапред за се да биде совршено, но секогаш се случува нешто да го наруши тој план.
На некогашниот Твитер, сега се појави интересно видео. Имено, се се случува во Велика Британија (судејќи според говорот) и во рурална средина. Среќните младенци стојат, а се слуша гласот на матичарот кој ги поставува стандардните прашања „дали го земаш…“. Невестата и младоженецот се во преден план, а зад нив се гледа ограда за животни, а набрзо во кадарот се појавува крава која почнува да мумка, токму во моментот кога младенците го кажуваат судбоносното „да“.
Секако, сите почнуваат да се смеат, владее кратка тишина и матичарот повторно почнува да поставува прашања, така што кравата повторно се ‘огласи’ . Секако, младенците и гостите почнаа да се смеат… Многумина во коментарите се прашуваа дали на крајот се венчале, но во секој случај тоа ќе биде многу интересна анегдота која многумина ќе ја прераскажат…