Русите не смееја да ја изгубат Македонија, вели Дарко Трифуновиќ, поранешен советник на министерот за полиција на РС и советник на министерот за информации на поранешна СРЈ, во интервјуто за емисијата Во Центар која се емитува на јутуб каналот Vasko Eftov.
“Затоа тие тргнаа и затоа сакаа да направат пуч и насилно да го освојат Парламентот, да го запалат и да извршат атентат на Зоран Заев. Тие сакаа да ги извлечат оние снимки кои се инкриминирачки за нив, а кои всушност докажуваа дека тие кои се поврзани со случајот со Смилковското езеро се невини. Дека тие не се извршители и дека невини лица се осудени”, вели Трифуновиќ.
“Тоа го имаше во тие снимки, и тие сакаа на денот кога ги изгубија изборите да ги објават тие снимки и да ја запалат Македонија”, вели тој.
“Таа снимка постои и тој човек кого јас го нарекувам македонски патриот не сакаше таа снимка да им ја даде ниту на српската ниту на македонската служба. Мислам на луѓе од двете служби кои се дел од руската мрежа”, објаснува Трифуновиќ.
“Таа снимка, според моите сознанија е уништена, и тука се спасува Македонија. Јас со тој човек се видов во Параќин и во тој момент му пружив заштита и тој остана жив”.
Целото интервју со Дарко Трифуновиќ можете да го погледате на следниот линк: